Furkan Abdula
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 350 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 93.510, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 12 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.893.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 266 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 82.786.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 7.831.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.291 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 461.850 тестирања.