Furkan Abdula
28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 3 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.676, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови починати лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата остана ист, односно изнесува 5.484.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.967.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 225.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.342 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања.