Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 234 нови случаи на Ковид-19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 274 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 91.507

Furkan Abdula  | 01.03.2021 - Обновена : 02.03.2021
Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 234 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 234 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 103.020, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 7 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.144.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 274 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 91.507.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.369.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.208 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.