Балкан

Меѓународниот аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во Европа по квалитетот на услугите

Аеродромите во Скопје и Загреб, управувани од компанијата „ТАВ“, се избрани за најдобри аеродроми во Европа во нивните категории од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World)

Furkan Gençoğlu  | 01.03.2021 - Обновена : 03.03.2021
Меѓународниот аеродром Скопје награден како најдобар аеродром во Европа по квалитетот на услугите ( Foto: Arhiva / Anadolu Agency )

ИСТАНБУЛ

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот во Загреб, кои се управувани од компанијата „ТАВ“, се избрани за најдобри аеродроми во Европа во нивните категории од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World)“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според изјавата дадена од „ТАВ аеродроми“, аеродромите во Скопје и Загреб управувани од компанијата „ТАВ“ се меѓу најдобрите аеродроми во Европа во однос на задоволството на патниците.

Овие два аеродрома се избрани за најдобри во категоријата „2-5 милиони патници“ од страна на Советот за аеродроми на светот (ACI World) во однос на услугата што се даваат.

Покрај тоа, во однос на хигиената додадена оваа година во анкетите поради епидемијата, аеродромот во Скопје се наоѓа меѓу 33-те аеродроми што ги спроведоа најдобрите практики во светот.

Претседателот на групацијата „ТАВ аеродроми“, Куршад Кочак, потсетувајќи дека тие работат со 15 аеродроми во 8 земји рече:

„Нашите услужни компании обезбедуваат услуги на уште 75 аеродроми во 18 земји. За време на епидемијата, ние бргу се приспособивме на процесите според научните критериуми утврдени на меѓународната арена, со цел да им понудиме на нашите патници безбедно патување. За таа цел, ние произведуваме иновативни решенија внимателно следејќи ги потребите и очекувањата на патниците. Ние работиме да ја задржиме удобноста на патниците на највисоко ниво со практики што ја зголемуваат хигиената и го намалуваат физичкиот контакт на сите аеродроми.“

Луис Фелипе де Оливеира, генералниот секретар на „ACI World“, исто така истакна дека аеродромските награди за квалитет претставуваат значајна награда за аеродромските оператори низ целиот свет.

„Оваа награда е за оние што ги слушаат своите патници и имплементираат услуги што ги исполнуваат нивните очекувања“, рече Оливеира.

„ТАВ аеродроми“ се меѓу водечките светски аеродромски оператори во Турција, а управуваат со аеродромите во Анталија, Анкара-Есенбога, Измир-Аднан Мендерес, Милас Бодрум и Газипаша Аланија.

Во странство пак, управуваат со аеродромите во Тбилиси и Батуми во Грузија, со аеродромите Монастир и Енфида Хамамет во Тунис, со аеродромите во Скопје и Охрид во Северна Македонија, Медина во Саудиска Арабија и со аеродромот во Загреб во Хрватска.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.