Dzihat Aliju
28 Јуни 2019•Ажурирај: 29 Јуни 2019
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание (ТБММ) на Република Турција, Мустафа Шентоп, во рамки на неговата посета во Република Северна Македонија, пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Шентоп и неговата делегација беа пречекани од амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, како и претставниците на турските институции и организации во земјата.
Како што е најавено, Шентоп во текот на утрешниот ден ќе учествува на петтиот Меѓународниот конгрес на социјалните науки организиран од Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје, кој се одржува под негово покровителство.
Тој исто така ќе учествува на програмата организирана од Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB), а исто така ќе посети и неколку градови во Северна Македонија.