Vesna Besic
01 Март 2021•Ажурирај: 02 Март 2021
САРАЕВО
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе допатува во посета на Босна и Херцеговина, потврдено е за Агенција Анадолија (АА) од Претседателството на БиХ.
Вучиќ во Сараево би требало да се состане со членовите на Претседателството на БиХ.
Според неофицијални информации, повод за посетата е донација на вакцини против коронавирусот, а уште не е познато за колкава количина станува збор.
Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, на иницијатива на ентитетскиот премиер пред неколку дена одржала итна телефонска седница на која е прифатена информацијата од состанокот одржан на иницијатива на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, на кој, помеѓу останатото, е разговарано за испорака на вакцини на Босна и Херцеговина.
Федералната влада претходно го овласти премиерот на ФБиХ да упати писмо до Советот на министри на БиХ, во кое ќе ја искаже спремноста на Владата на БиХ за прифаќање на 5.000 дози вакцини од АстраЗенека, како донација на Република Србија за Босна и Херцеговина за потребите на овој ентитет.