Furkan Abdula
30 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 23 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.269, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 10 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.408.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.191 оздравен пациент од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 148.664.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.197.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.755 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања.