Furkan Abdula
05 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 219 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 156.926, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се четири починати лица од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот се искачи на 5.501
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.470.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 955.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.713 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања.