свет, Коронавирус

Во светот досега аплицирани над 4,31 милијарда дози на вакцина против коронавирусот

- Бројот на аплицирани вакцини против Ковид-19 во светски рамки надмина 4,31 милијарда заклучно со денеска, според веб-страницата за следење на вакцинацијата поврзана со Универзитетот „Оксфорд“, „Our World In Data“

Sümeyye Dilara Dinçer  | 05.08.2021 - Обновена : 06.08.2021
Во светот досега аплицирани над 4,31 милијарда дози на вакцина против коронавирусот

АНКАРА

Бројот на аплицирани вакцини против Ковид-19 во светски рамки надмина 4,31 милијарда заклучно со денеска, според веб-страницата за следење на вакцинацијата поврзана со Универзитетот „Оксфорд“, „Our World In Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кина, каде што за првпат се појави вирусот, е на прво место во светот со администрирани над 1,73 милијарди вакцини. По неа следуваат Индија со дадени 489,34 милиони и САД со 348,1 милион дози вакцини.

Бразил има администрирано над 147,2 милиони, додека Германија, 93,75 милиони дози на вакцина.

По нив следуваат Јапонија со 92,3 милиони и Велика Британија со 85,6 милиони дози на вакцина.

Турција досега има администрирано над 74,8 милиони вакцини, со што се наоѓа на деветтото место во светот, додека повеќе од 41 милион луѓе ја имаат примено првата доза, а 28,09 милиони се целосно вакцинирани.

Поголемиот дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцини не е еднаков со бројот на лица кои се целосно вакцинирани.

Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година пандемијата однела над 4,26 милиони животи во светот, а досега регистрирани се над 200,4 милиони заразени со Ковид-19.​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın