Elena Trenchevska Chekovic
30 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се два нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 155.684, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се регистрирани нови починати лица од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот е непроменет и изнесува 5.484.
Денеска Институтот за јавно здравје нема регистрирано оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 149.977.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 223.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.216 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 879.339 тестирања.