Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 27 нови случаи на коронавирусот, починати се 19 лица

- Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.314 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања

Ekip  | 17.05.2021 - Обновена : 18.05.2021
Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 27 нови случаи на коронавирусот, починати се 19 лица

СКОПЈЕ

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 27 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 154.725, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 19 починати лицa, а билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.230.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 192 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 146.043.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 3.452.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.314 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.