Husamedin Gina
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 47 оздравени пациенти од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на излекувани пациенти од овој вирус се искачи на 992, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство во дневниот извештај информира дека едно лице починало од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се зголеми на 85.
Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.518.
Во изминатите 24 часа спроведени се 113 тестирања, со што вкупната бројка на извршени тестирања во земјата се зголеми на 17.359.
Според владините мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час е на сила секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 5:00 часот наутро.
За време на викендите забраната за движење почнува од 15:00 часот во сабота, и трае до понеделник, до 5:00 часот наутро.