Şerife Çetin
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
БРИСЕЛ (АА) - Директорот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Андреа Амон, истакна дека маската може да биде само дополнително средство за заштита од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се на пратениците во Комитетот за животна средина во Европскиот парламент, Амон се осврна на неодамнешните случувања во врска со новиот вид коронавирус, Ковид-19.
Амон истакна дека стапката на инфекција на вирусот е намалена за 45 проценти во изминатите 14 дена, благодарение на мерките на земјите преземени за социјална оддалеченост и политиките „останете дома“.
Изјавувајќи дека Бугарија е единствената земја во Европа каде што случаите на Ковид-19 продолжуваат да се зголемуваат, Амон рече дека во Полска, Романија, Шведска и Англија нема фундаментална промена, додека бројот на случаи во другите земји се намалува.
- Ситуацијата во старечките домови останува сериозна -
Амон, истакнувајќи дека ситуацијата во старечките домови останува сериозна, нагласи: „Повеќе од 50 проценти од смртните случаи во Европа се случиле во старечки домови.“
Тој се осврна на ефектите од употребата на заштитни маски: „Маската може да биде само дополнително средство за заштита. Сè уште не знаеме колку е ефикасна во однос на превенција од вирусот.“
Амон наведе дека бројките за смртни случаи објавени од владите во Европа не ја одразуваат вистината. „Мала е вербата на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) во овие бројки.“
Посочувајќи дека вирусот нема да исчезне за кратко време, Амон истакна дека треба да се биде подготвен за тоа.