Furkan Abdula
18 Февруари 2022•Ажурирај: 19 Февруари 2022
СКОПЈЕ
Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 905 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 291.820, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 18 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.869.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.565 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 274.808.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.143.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 2.808 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.862.041 тестирање.