Furkan Abdula
21 Февруари 2022•Ажурирај: 22 Февруари 2022
СКОПЈЕ
Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 234 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 293.559, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 17 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.915.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.491 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 278.326.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 6.318.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.318 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.871.411 тестирања.