Ekipa
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 1.091 нов случај на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 289.797, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 23 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се уште 13 лица. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.829.
Институтот за јавно здравје регистрира 2.322 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 272.184.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.784.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 3.702 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.855.720 тестирања.