Husamedin Gina
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 137 новозаразени со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 9.547, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие починати се 10 пациенти, така што вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 во Северна Македонија е 442.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 5.071.
Во моментов во Северна Македонија има 4.034 активни случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.437 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 89.703 тестирања на коронавирусот.