Husamedin Gina
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 21 излекуван пациент од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на излекувани пациенти од овој вирус се искачи на 1.013, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство во дневниот извештај информира дека едно лице починало од коронавирусот, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата се зголеми на 86.
Во изминатите 24 часа потврдени се 8 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.526.
Во изминатите 24 часа спроведени се 185 тестирања, со што вкупниот број на извршени тестирања во земјата се зголеми на 17.544.
Според владините мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час на сила е секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 5:00 часот наутро.
За време на викендите забраната за движење почнува од 15:00 часот во сабота, и трае до понеделник, до 5:00 часот наутро.