Husamedin Gina
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 163 новозаразени со коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 9.412, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие нема починати пациенти, така што вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 во Северна Македонија останува 432.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени лица од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 4.940.
Во моментов во Северна Македонија има 4.040 активни случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.636 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се спроведени вкупно 88179 тестирања на коронавирусот.