Zylfije Adem Jakupi
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ПРИШТИНА
Последните 24 часа во Косово починаа 5 лица од последици предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека детектирани се 168 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националниот институт за здравје на Косово, од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот починале уште 5 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се искачи на 144.
Од 415 извршени тестирања кај лица за кои постоело сомневање на заразеност со коронавирусот, вирусот е потврден кај 168 лица. Најмногу позитивни има во општина Приштина, 91 лице. Досега во Косово се регистрирани 6.045 позитивни случаи на заразеност со вирусот, од вкупно 31.956 тестирања.
Оздравени се 157 пациенти, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 3.226. Во моментов активни се 2.675 случаи.