Bojana Stojanovic
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во Србија девет лица починаа од последиците на Ковид-19 во претходните 24 часа, а регистрирани се 352 новозаразени, додека хоспитализирани се 4.722 лица, соопштено е денес на прес-конференцијата во Белград, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 21.605 случаи на заразување.
Од вчера се тестирани 10.310 граѓани, што е најмногу до сега за период од 24 часа, од кои 352 се позитивни на Ковид-19.
Во изминатите 24 часа, починаа уште девет лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 491. Процентот на смртност е 2,27 отсто.
На респиратор се наоѓаат 198 пациенти, што е најголем број од почетокот на епидемијата.
До сега се тестирани 568.750 граѓани.