Islam Doğru
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ЊУЈОРК
Соединетите американски држави (САД) продолжуваат да се епицентар на заразата со Ковид-19 во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) последните 24 часа е причина за смртта на 580 лица во САД, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 143.891.
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, последните 24 часа во САД се детектирани 64.084 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени на 963.495.
Земји со најголем број на лица позитивни на коронавирусот по САД се Бразил со 2.121.745 заразени, Индија со 1.170.636 и Русија со 783.328.
Иако се забележува пад на бројката на заразени и смртни случаи на дневно ниво, Њујорк продолжува да е најпогодена сојузна држава во САД од пандемијата на коронавирусот.
Досега во Њујорк се детектирани 434.871 лице позитивно на коронавирусот, од кои 32.584 ги загубија своите животи.
По Њујорк следат Калифорнија со приближно 400 илјади заразени и Флорида со повеќе од 360 илјади.
Досега во САД се извршени 49.191.000 тестови, а оздравеа 1.851.000 заразени со Ковид-19.