Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 7

„Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар...“

Furkan Abdula  | 30.03.2020 - Обновена : 31.03.2020
Северна Македонија: Бројот на починати лица од Ковид-19 се искачи на 7

СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија почина уште едно лице заразено со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 7 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство преку соопштение ја потврди информацијата и соопшти дека бројот на потврдени случаи со вирусот во земјата се зголемил за 26, со што вкупната бројка на заразени порасна на 285.

„Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивно на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран е на Клиниката во Скопје на 25 март“, се наведува во соопштението на Министерството.

Со ова, вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 7 лица.

Се нагласува дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти кои на два последователни контролни теста на Ковид-19 имале негативен резултат, дека нивната здравствена состојба е добра и дека тие се отпуштени од болница.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата“, се нагласува во соопштението.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата се искачи на 285 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.