Admir Fazlagic
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 865 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 32.436, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството заздравство соопшти дека од последиците предизвикани од Ковид-19 се починати 10 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи во земјата предизвикани од овој вирус се искачи на 1.004.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 21.090.
Бројката на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 10.342.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Северна Македонија се направени 2.449 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 251.848 тестирања.