Dmitri Chirciu
01 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
МОСКВА
Во Русија се регистрирани рекордни 18.665 нови случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 18.665 нови случаи на вирусот. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.636.781.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 245 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 28.235.
Оздравеа уште 10.259 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.225.673 лица.
Во Русија направени се над 61 милион тестирања за Ковид-19.