Furkan Abdula
24 Јуни 2023•Ажурирај: 25 Јуни 2023
СКОПЈЕ (АА) – Во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје се одржа церемонијата на доделување дипломи на дипломирани студенти од академската 2022/2023 година на додипломските и постдипломските студии, јавува Анадолу.
На свеченоста присуствуваа министерот за правда на Северна Македонија, Кренар Лога, министерот за здравство, Фатмир Меџити, амбасадорот на Туркије во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, ректорот на ИБУ, Мехмет Дурсун Ердем и претседателот на Управниот одбор на Универзитетот, Реџеп Сулејман Оздил, поглаварот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Шаќир Фетаху, претставници на турски и локални институции и организации во земјата, претставници на централната и локалната власт, политичари, како и дипломираните студенти и нивните семејства.
Амбасадорот Секизќок, нагласи дека земјите кои инвестираат во образованието се земји кои се разликуваат во социјалниот и економскиот развој.
„Туркије, која стои покрај Северна Македонија од нејзината независност, под водство на нашиот претседател [Реџеп Таип Ердоган] ја покажа својата поддршка и во областа на високото образование, и го овозможи основањето на овој универзитет. Меѓународниот балкански универзитет реализира бројни работи кои се за пофалба“, нагласи тој.
Претседателот на Управниот одбор на универзитетот, Реџеп Сулејман Оздил, рече дека ИБУ е основан како значајна иницијатива за развивање на соработката помеѓу двете земји.
„Денес ќе ги добиете вашите додипломски, постдипломски и докторски дипломи. Но, денес нема да биде последниот ден od вашето образование. Бидејќи образованието е процес којшто нема крај и продолжува цел живот“, истакна Оздил, обраќајќи им се на студентите.
Ректорот на ИБУ, Мехмет Дурсун Ердем, нагласи дека ИБУ е локомотива на овој регион, и додаде: „Како универзитет кој има приоритет на квалитетот, а не на профитот, ИБУ со својот идентитет како приватен-фондациски универзитет постепено го зголемуваше своето научно и општество влијание во Северна Македонија. Во оваа насока, ИБУ во вистинска смисла е меѓународен универзитет.“
Министерот за правда на Северна Македонија, Лога, исто така имаше обраќање пред присутните и им порача на дипломците: „Драги студенти, се наоѓате во најубавиот период од вашиот живот. Во овој период, од денес официјално почнувате да пишувате ново поглавје. Во текот на овој период ќе се соочите со низа предизвици. Ќе имате многу подеми и падови. Но, не заборавајте дека најголемите успеси се резултат на тие последните. Употребете го вашето време на рационален начин и имајте трпение. Дипломирањето не е крајот, туку почетокот на нов живот и нови предизвици.“
Министерот за здравство на Северна Македонија, Меџити, нагласи: „Само со постојано учење, вложување во себе, развивање вештини, истакнување нови искуства можете да бидете конкурентни на пазарот на трудот и да бидете што е можно поуспешни во својата професионална област на делување.“
На церемонијата беше пренесена и пораката испратена од страна на поранешниот претседател на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Мустафа Шентоп.
Во рамките на церемонијата на најдобрите дипломирани студенти на факултетите им беа доделени признанија.