Besar Ademi
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Пред крајот на посетата на Македонија, заменик премиерот на Турција, Вејси Кајнак, го посети новиот кампус на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје, каде што беше информиран околу работите за објектот кој е во завршната фаза, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот заменик премиер беше информиран околу работота за објектот од страна на претседателот на Управниот одбор на Универзитетот ИБУ во Скопје, истовремено пратеник од Истанбул на АК партијата, Хусеин Бурге, и ректорот на универзитетот, Исмаил Коџајусуфоглу.
При посетата на кампусот, Кајнак беше придружуван од директорот на Генералниот директорат за фондации на Владата на Турција, Аднан Ертем, координаторот на канцеларијата во Скопје на Турската агенција за развој и координација (ТИКА), Теоман Тирјаки, и претставниците на турските институции и организации во Македонија.
Новиот кампус е кој е во завршната фаза, ќе има потенцијал за пет до шест илјади студенти.
Напладне, заменик премиерот Кајнак присуствуваше на свеченото отворање на џамијата „Хајдар Кади“ во Битола, по што го посети и градот Битола, додека по посетата на новиот кампус во Скопје, Кајнак тргна за Турција од скопскиот аеродром „Александар Велики“.