Балкан

Сведок во случајот „државен удар“ побара политички азил во Црна Гора

Александар Синѓелиќ, српски државјанин, во Одделот за безбедност на Рожае дал изјава во која бара политички азил, „поради сериозниот прогон на одредени структури во Србија“

Adel Omeragic  | 18.06.2019 - Обновена : 19.06.2019
Сведок во случајот „државен удар“ побара политички азил во Црна Гора

ПОДГОРИЦА (АА) - Сведок соработник во случајот „Обид за државен удар на изборниот ден 2016 година во Црна Гора“, државјанин на Србија, Александар Синѓелиќ, пристигна во Црна Гора и од Министерството за внатрешни работи побара политички азил, потврди денес главниот специјален обвинител Миливоје Кантиќ, јавува Anadolu Agency (AA).

Кантиќ на прес-конференција изјави дека Синѓелиќ во Одделот за безбедност на Рожае дал изјава во која бара политички азил, „поради сериозниот прогон на одредени структури во Србија“.

Тој изјави дека Синѓелиќ бил принуден да бега, особено поради тоа што сведочел пред судот во Црна Гора.

„Мислам дека оваа држава и цивилизираното општество ќе дадат одговори на тоа и ќе го решат тој проблем во согласност со законот“, порача Катниќ.

Според неговите зборови, Синѓелиќ вчера изутрина нелегално влегол во Црна Гора и барал да разговара со Специјалното обвинителство.

„Ќе видиме дали се работи за кривични дела на одредени лица и потоа ќе постапиме во согласност со прописите“, изјави Катниќ.

Тој додаде дека подетални информации треба да се бараат од надлежното Министерство.

Синѓелиќ е сведок соработник во судскиот процес против 14 обвинети за обид за тероризам на денот на парламентарните избори во Црна Гора. Врховниот суд во Подгорица, по повеќемесечни испитувања ги прифати клучните искази на неговото сведочење, кои се потврдени со докази од истрагата. Тринаесет обвинети, кои се товареа за планирање на повеќе терористички акции на денот на парламентарните избори во 2016 година, на 9 мај во Врховниот суд во Подгорица се прогласени за виновни и се осудени на вкупно 69 години и 7 месеци затвор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.