политика, Балкан

Сали во Брисел: Членството во ЕУ останува стратегиски приоритет на Северна Македонија

На средбата фокусот е ставен на актуелните предизвици во европската агенда, како и на потребата од искористување на позитивниот моментум во односите со Европската Унија преку засилена соработка со европските институции

Dzihat Aliju  | 03.02.2026 - Обновена : 03.02.2026
Сали во Брисел: Членството во ЕУ останува стратегиски приоритет на Северна Македонија Фото: Министерство за европски прашања на РСМ

БРИСЕЛ (АА) - Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Брисел оствари работна средба со европската комесарка за проширување, Марта Кос, на која се разговараше за процесот на европска интеграција и реформските приоритети на земјата, пренесува Анадолу.

Како што соопштија од Владата, на средбата фокусот бил ставен на актуелните предизвици во европската агенда, како и на потребата од искористување на позитивниот моментум во односите со Европската Унија преку засилена соработка со европските институции.

Сали нагласил дека членството во ЕУ останува стратегиски приоритет на Владата, оценувајќи го како долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.

Во својство на министер за европски прашања и главен преговарач, како и национален координатор за Инструментот за реформи и раст (RGF) и НИПАК, Сали ја истакнал посветеноста на Владата кон спроведување на реформите поврзани со европската интеграција и одржување континуитет во реформското темпо, во согласност со европските стандарди.

На средбата биле разменети мислења и за спроведувањето на Планот за раст и Реформската агенда, при што била потенцирана важноста од континуирана координација и конструктивен дијалог со институциите на Европската Унија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.