Балкан

Виртуелната министерка Диела во владиниот Кабинет на Албанија доби награда во ОАЕ

- Министерството за економија и иновации на Албанија истакна дека оваа награда е престижна и дека ги одликува иновативните иницијативи и новите модели на владеење...

Fatjon Cuka  | 03.02.2026 - Обновена : 03.02.2026
Виртуелната министерка Диела во владиниот Кабинет на Албанија доби награда во ОАЕ

ТИРАНА (АА) - Првата виртуелна министерка во владиниот Кабинет на Албанија, Диела, е наградена со признанието „Future Fit Seal“ на Светскиот самит на влади во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, пренесува Анадолу.

Во соопштението од Министерството за економија и иновации на Албанија се наведува дека оваа награда е престижна и дека ги одликува иновативните иницијативи и новите модели на владеење, кои ги подготвуваат владите за идните предизвици во секторите на иднината.

Според соопштението, министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај, учествувала и ја претставувала Владата на Албанија на официјалната церемонија на доделување на наградите.

Исто така, се наведува дека министерката Ибрахимај истакна оти наградата претставува значајно меѓународно признание за Албанија.

„Оваа награда претставува меѓународно признание за (министерката) Диела, иницијатива што означува храбар чекор за Албанија во институционализирањето на напредните технологии и во дигиталната трансформација на владеењето“, изјави министерката Ибрахимај.

Со ова признание, според министерката Ибрахимај, Албанија го потврдува својот ангажман за градење модерно, транспарентно и ефикасно владеење.

Да потсетиме дека првпат дел од владиниот Кабинет на Албанија е и виртуелна министерка создадена со вештачка интелигенција која, според албанските власти, ќе се занимава со прашањата поврзани со јавните набавки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.