Bojana Stojanovic
08 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
БЕЛГРАД
За време на синоќешните протести во Белград се повредени 43 полицајци, а 23 лица се уапсени поради предизвикување на нереди, изјави денес директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ребиќ информираше дека полицијата околу 23.00 часот употребила хемиски средства, а во текот на синоќешниот протест биле запалени пет полициски возила, а повредени се и три коњи.
Тој за радио-телевизијата на Србија оцени дека полицијата реагирала крајно воздржано.
„Постапувавме крајно воздржано, хемиските средства ги употребивме дури околу 23.00 часот, а на крајот и полициската коњаница мораше да интервенира“, изјави Ребиќ.
Според неговите зборови, повредени се 17 демонстранти, а камерите ќе ги идентификуваат сите кои извршиле насилство на белградските улици.
„Имаме податок за повредени 17 демонстранти“, изјави Ребиќ.
Според неговите зборови, за „организатор на упадот во Собранието на Србија, може да се означи Дамњан Кнежевиќ, а како организатор се споменува и поранешниот член на „Двери“, Срѓан Ного.