Балкан

Протести во Тирана: Tензии меѓу демонстрантите и безбедносните сили

Демонстрациите на граѓаните, кои продолжуваат веќе неколку дена, се одржаа пред зградата на Општина Тирана, каде што демонстрантите се судрија со општинската полиција, додека фрлаа димни бомби, јајца и молотов коктел кон зградата на Општината

Saimir Alija  | 15.11.2018 - Обновена : 15.11.2018
Протести во Тирана: Tензии меѓу демонстрантите и безбедносните сили

Tirana

ТИРАНА (АА) - Група граѓани во албанскиот главен град Тирана денес одржаа протести против проектот за рушење на нивните згради поради изградбата на Големата обиколница во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).

Демонстрациите на граѓаните, кои продолжуваат веќе неколку дена, се одржаа пред зградата на Општина Тирана, каде што демонстрантите се судрија со општинската полиција, додека фрлаа димни бомби, јајца и молотов коктел кон зградата на Општината, при што неколку полицајци се здобија со повреди.

Меѓу полицијата и полициските сили се случи судир во моментот кога демонстрантите бараа присилно да влезат во просториите на Општина Тирана, во текот на одржувањето на состанокот на Општинскиот совет.

Протестот беше поддржан од страна на советниците на опозицијата, односно на Демократската партија во Општинскиот совет на Тирана, кои го бојкотираа состанокот.

Граѓаните бараат целосна гаранција за обесштетување, тврдејќи дека не е нивна вина што зградите биле изградени во зоната каде што поминува еден сегмент на Големата обиколница.

Во рамки на овој проект се предвидува рушење на стотици згради и објекти од кои дел од нив се нелегализирани.

Од Општина Тирана претходно соопштија дека на граѓаните, чии згради ќе им бидат срушени, Општината ќе им ги надомести трошоците за наем за три години.

Изградбата на Обиколницата продолжува во некои делови, додека дел од неа е отворен за сообраќај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın