Furkan Naci Top
23 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
АТИНА (АА) - При пад на хеликоптер во близина на главниот град на Грција, Атина, настрадаа две лица, а еден е повреден, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција ANA-MPA (АНА-МПА), несреќата се случила на приближно 40 километри северно од Атина.
Спасувачките екипи пронајдоа две безживотни тела. Едно лице се здобило со повреди при падот и само успеало да го напушти трупот на урнатиот хеликоптер.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога хеликоптерот удрил во жици од електродистрибуциската мрежа.