Furkan Abdula
23 Јуни 2017•Ажурирај: 23 Јуни 2017
ШТИП (АА) - Авиокомпанијата „Turkish Airlines“ организираше ифар во Штип на кој присуствуваа околу 400 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ифтарот беше организиран од страна на Сојузот на турските невладини организации во Македонија, (МАТУСИТЕБ), а беше поддржан од страна на турската авиокомпанија „Turkish Airlines“. На оваа ифтарска софра присустуваа претставници на невладини организации кои во рамките на МАТУСИТЕБ вршат дејност во Штип и околината, како и локалните жители.
Претставничката од „Turkish Airlines“, Зејнеп Бејазит, истакна дека тие како „Turkish Airlines“ организираат ифтари во повеќе земји во светот.
„Ние не носиме само патници, туку, носиме и добрина во сите земји во светот“ вели Бејазит.
Иса Авџи, претставник од „Turkish Airlines“ пренесе дека за првпат се наоѓа во Македонија, и истакна дека и понатаму ќе се организираат слични активности.
Од друга страна, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, упати благодарност до „Turkish Airlines“ и неговите претставници кои дале поддршка за организирање на овој ифтар.
„Ние како МАТУСИТЕБ отсега, заедно со ифтарите, ќе бидеме заедно и со различни активности во Источна Македонија, односно во Штип“, рече Емин.
Пред ифтарот се интерпретираа илахии, а после ифтарот на децата им беа доделени подароци.
Исто така, на 20 семејства им беа доделени пакети со прехранбени производи.