Admir Fazlagic
30 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
СКОПЈЕ
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази сочувство на семејствата коишто ги изгубија своите блиски во серијата земјотреси коишто ја погодија Хрватска. Претседателот Пендаровски изрази и уверување дека Хрватска и сите нејзини граѓани ќе ги санираат брзо последиците од оваа природна катастрофа", се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Билансот на смртно страданите лица во вчерашниот земјотрес во Хрватска е зголемен на седум.
Разорниот земјотрес со епицентар кај Петриња, вчера напладне, се почувствува ширум Хрватска. Беше со јачина од 6,2 степени по Рихтер, соопшти Сеизмолошката служба.