Fatjon Cuka
14 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
ТИРАНА (АА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, престојува во посета на Албанија во рамки на разгледувањето на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во албанскиот Парламент, јавува Anadolu Agency (АА) .
Џафери беше примен на состанок од страна на албанскиот колега Грамоз Ручи, на кој беа присутни и пратеници од Собранието на Албанија.
Џафери, исто така ќе учествува на пленарната седница на албанскиот Парламент, на која ќе се дискутира и ќе се гласа за ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.
Највисоките официјални претставници на Албанија постојано ги поддржуваа процесите во рамките на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, од потпишувањето на Преспанскиот договор, сѐ до потпишувањето на Протоколот.
Потсетуваме дека овој протокол беше потпишан на 6 февруари за време на церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел, а за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО потребно е протоколот да го ратификуваат сите парламенти на земјите членки, како и да се финализираат одредени процеси.