Dzihat Aliju
14 Декември 2020•Ажурирај: 15 Декември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Исламската верска заедница во Северна Македонија, Шаќир Фетаху, учествуваше во гласањето за изборот на „Фотографија на годината“, што го организира Агенција Анадолија (АА).
Откако новинарот на АА го информираше за фотографиите, Фетаху во категоријата „Вести“ гласаше за фотографијата насловена како „Нападот на режимот на Асад врз цивилите“ на Мухамед Саид.
Во категоријата „Живот“ Фетаху ја избра фотографијата „Коронавирус во Истанбул“ на Салих Зеки Фазлиоглу, додека во категоријата „Спорт“ гласаше за фотографијата „Спорт на брегот на Газа“ направена од Ашраф Амра.
Истакнувајќи дека сите фотографии се со големо значење, Фетаху рече дека фотографијата во категоријата „Вести“ не е само тажна, туку во исто време дава и извонредна порака до сите луѓе, сите подрачја, особено до светските сили.
Потенцираше дека современиот свет направил многу висок скок во многу подрачја, од економијата до технологијата, и додаде: „За жал, духовниот и моралниот свет доживува многу голем пад. Толку голем што го загрозува човечкото достоинство.“
Фетаху посочи дека фотографијата за која гласал од категоријата „Живот“ дава извонредна порака. „Припадниците на исламот ѝ придаваат големо внимание на многу опасната болест Ковид-19 во верските објекти. Тоа покажува дека раководствата во исламските верски објекти строго ги следат сите препораки на Светската здравствена организација и министерствата за здравство во соодветните земји. Главната порака на оваа фотографија, искажана преку дезинфекцијата на џамијата, е показател за високата свест на муслиманите.“
Во врска со фотографијата во категоријата „Спорт“, претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Фетаху, изјави дека и покрај тешките времиња, на сите нации им е потребна среќа, и дека фотографијата покажува дека спортот не е само физичка, туку и духовна потреба.