Ekipa
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
СОФИЈА (АА) - Бугарската владејачка коалиција го преживеа гласањето за доверба кое го бараше опозицијата, која ја обвини Владата дека не се занимава со решавањето на сè повеќе распространетата корупција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Парламентот, којшто брои 240 паратеници, утрово го отфрли предлогот за отповикување на Владата со 131 глас „против“ и 103 гласа „за“, додека шест пратеници не присуствуваа на заседавањето.
Тоа беше прво гласање за доверба на десничарската Влада на премиерот Бојско Борисов, која на власт дојде во мај минатата година.
Опозицијата ја обвини Владата дека „корупцијата ја претворила во владина политика“. Тврдат дека 88,5 анкетирани учесници во јавните набавки рекле оти понудите не биле објективно разгледани.
Бугарија, најсиромашната земја во Европската Унија (ЕУ), го презеде шестмесечното ротирачко претседавање со блокот пред две недели, првпат од влезот во Унијата во 2007 година.
Меѓутоа, Бугарија во повеќе наврати е критикувана од Брисел поради неуспешната борба против корупцијата и затоа што не се процесуирани и осудени корумпираните службеници.