Furkan Naci Top
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
АТИНА (АА) - Лекарите и другите медицински работници во Грција одлучија да штрајкуваат во знак на протест поради мерките за штедење и поради моменталните услови за работа, јавува Anadolu Agency (AA).
Здравствените работници, на повик на Федерацијата на вработените во државните болници (POEDIN) одлучија на четиричасовен штрајк во Атина, односно на еднодневен штрајк во останатите делови на земјата.

Стотици здравствени работници, кои бараат подобрување на условите за работа, се собраа пред зградата на Министерството за здравство во Атина.
Тие, исто така, изразија незадоволство поради падот на приходите предизвикани од економската криза.
Демонстрантите имаа намера да влезат во објектот, додека полицијата не им дозволи, по што следуваше судир меѓу двете страни.