Özcan Yıldırım
16 Мај 2025•Ажурирај: 17 Мај 2025
ТИРАНА (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган во Тирана се сретна со германскиот канцелар Фридрих Мерц, известува Анадолу.
Претседателот Ердоган ги продолжува контактите во Тирана, главниот град на Албанија, каде што учествува на 6-тиот Самит на Европската политичка заедница.
По Генералната сесија на Самитот, турскиот претседател се состана со германскиот канцелар Мерц. На состанокот учествуваа и делегациите на двете земји.