Andelija Stojkovic
14 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
БЕЛГРАД
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека мерките против коронавирусот (Ковид-19) ќе мора да бидат поостри и дека по тој повод денес ќе има состанок со медицинскиот дел на Кризниот штаб, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сигурно ќе мораме да ги заостриме мерките, но ќе видиме што е можно да направиме и што е најпаметно да направиме“, рече Брнабиќ за време на посетата на пунктот за вакцинирање во приградска населба во Белград.
Таа рече дека во Србија се вакцинирани 1,2 милиони луѓе со првата доза на вакцината, а дека околу 740.000 ја примиле и втората доза и дека тоа е околу 21 отсто од полнолетното население на Србија.
Брнабиќ најави дека утре стигнува нова испорака на вакцини од „Фајзер“, во текот на неделата нови залихи на вакцината „Спутник В“, а во април се очекуваат нови дози на вакцината „Синофарм“.
Во селата околу Белград воспоставен е 51 пункт за вакцинација за да му се олесни пристапот до вакцините на селското население.