Fatjon Cuka
13 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
ТИРАНА (АА) - Собранието на Албанија на 19 април ќе го одржи првиот круг од изборите за нов претседател на земјата, потврди претседателот на законодавниот дом, Илир Мета, на денешната пленарна седница, јавува Anadolu Agency (AA).
Уставот на Албанија предвидува пет изборни круга за одредување на шефот на државата. Во првите три круга, кандидатот треба да добие три петтини од гласовите од 140 делегати, односно 84 гласа. Доколку никој не биде избран, во последните два круга е доволно просто мнозинство, односно 71 глас.
Кандидат за претседател на Собранието предлага група од најмалку 20 пратеници. Гласањето во секој круг е тајно и без дебата.
На сегашниот претседател, Бујар Нишани, петгодишниот мандат му истекува на 24 јули, а моментно не е познат ниту еден кандидат за негов наследник.
Процедурите за избор на претседател на Албанија започнаа порано отколку на претходните избори, со оглед на тоа што Собранието на Албанија во мај се распушта, поради парламентарните избори што ќе се одржат на 18 јуни.
Албанската опозиција од 18 февруари го бојкотира парламентот и седницата на парламентот, со барање да се формира техничка влада.