Adis Karaca
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ХАГ (AA) - Осудениот Слободан Праљак тврди дека испил отров од шише, по потврдувањето на казната од 20 години затвор поред Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако претседавачот на Жалбениот совет Кармел Агииус ја отфрли жалбата и ја потврди првостепената пресуда од 20 години затвор, Праљак рече: „Слободан Праљак не е воен злосторник. Протестно ја отфрлам ваквата пресуда", после што извади шише и ја испи течноста од него.
Агиус побара прекинување на судењето.
Жалбениот совет на МКСЈ претходно денеска ја потврди казната од 25 години затвор на Јадранко Прлиќ, поранешн соработник на ХВО и владата на таканаречена Хрватска Република Херцег-Босна (ХР ХБ).
Потврдена е и казна од 20 години затвор за Бруно Стојиќ, поранешен начелник на одделот на одбраната на ХР ХБ. Изрекувањето на конечна пресуда очекуваат уште Миливој Петковиќ, Валентин Ќориќ и Берислав Пушиќ, кон не е присутен во судница.