Admir Fazlagic
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов-Ѕинго, поранешен пратеник, лидер на Социјалистичката партија (СПМ) и првиот претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија по осамосојувањето на државата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата за смртта на Љубислав Иванов ја соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), чиј почесен претседател беше Иванов.
Муамед Сејдини, претседател на ФФМ упати порака на сочувство по повод смртта на Љубислав Иванов.
„Македонскиот фудбал денес загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов-Ѕинго, а навистина е беспредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија. Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал. Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов-Ѕинго. Нашите мисли сѐ со Вас", пишува во пораката на Сејдини.
Љубисав Иванов-Ѕинго е роден на 8 ноември 1936 година во село Трновац, Кратово. Бил пратеник во македонското Собание во сите пратенички состави од осамостојувањето на државата до 2011 година. За претседател на СПМ бил избран во јули 1995 година.
За претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (ФСМ) Иванов беше избран на 7 февруари 1993 година. На оваа функција остана до 1999 година. Под негово водство, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправен член на најважните фудбалски организации, ФИФА и УЕФА. Како претседател на ФСМ ја предводеше македонската делегација на првиот официјален натпревар на А-репрезентацијата во Словенија, во 1993 година.