Adel Omeragic
21 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
ПОДГОРИЦА (AA) - Министерката за економија во Владата на Црна Гора, Драгица Секулиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија, кој е и претседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, Марко Чадез, денеска ја открија таблата со натписот на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, и со тоа свечено ја отворија канцеларијата на генералниот секретар на овој форум во Подгорица, јавува Anadolu Agency (AA).
Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан е доброволна непрофитна организација на стопански комори на земјите од Западен Балкан, формирана врз основа на Договорот за основање на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан потпишан во Виена на 27 август 2015 година, со седиште во Трст, Италија.
Членките на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан се стопанските комори на Република Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, додека Управниот одбор го сочинуваат претседателите на стопанските комори на овие шест земји членки.
Драгица Секулиќ, министерка за економија на Црна Гора, рече дека денешното отворање на канцеларијата значи дека центарот на регионалното дејствување на Комората ќе тргне од Подгорица.
Марко Чадеж, претседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, истакна дека оваа организација собира повеќе од 350 компании.
„Јасни сме во она што го сакаме од нашите влади. Некои работи на кои ќе се обврземе како економии, тоа сакаме и да го спроведеме. Сакаме да бидеме помош во создавањето на архитектурата на регионалното економско подрачје. Тоа се царински процедури и уште многу нешта“, рече Чадеж.
Порача и дека ќе работи на промоција на регионите како инвестициски дестинации.
„Направивме инвестициска платформа за инвестирање во нашиот регион. Преку нас секој може да најде инвестициски партнер во регионот и да ги добие сите потребни информации“, истакна Чадеж.
Канцеларијата на генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан сместена е во зградата на Стопанската комора во Подгорица.