Yusuf Hatip
05 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија ги соопшти методите кои ќе бидат спроведени за започнување на преговорите за членство за земјите од Западен Балкан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархелји, на прес-конференција, перспективата за членство која ќе биде спроведена за балканските земји, ја опиша како геостратешка инвестиција.
Вархелји нагласи дека проширувањето на ЕУ во регионот е една од приоритетните теми на Европската комисија.
„Ќе следиме три чекори. Првин, денеска препорачуваме конкретни чекори за забрзување на процесот за членство. По забрзувањето и развивањето на процесот, целта ќе биде полноправно членство“, рече Вархелји.
Тој ги пренесе и вториот и третиот чекор кои ќе бидат следени, и додаде: „Комисијата цврсто стои во поддршка на препораката за започнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија. Наскоро ќе објавиме едно ажурирање во врска со напредокот на овие две земји. Трето, во рамки на подготовките за Самитот меѓу ЕУ и Западен Балкан кој ќе се одржи во мај во Загреб, Комисијата ќе го соопшти планот за економски развој и инвестиции за регионот.“
По овој процес, препораката на Комисијата треба да биде одобрена во земјите членки.
Комисијата сака да ги започне преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија пред почетокот на Самитот за Западен Балкан кој на 6 и 7 мај ќе се одржи во Загреб.
Земјите членки како Франција, Холандија и Данска, велат дека преговорите треба да имаат потешки услови.