Балкан

„Земјите од Западен Балкан треба да имаат реална перспектива за членство во ЕУ"

Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер изјави дека земјите од Западен Балкан треба да имаат реална перспектива за членство во Европската унија, бидејќи во спротивен случај, постои ризик од враќање во деведесетите години од минатиот век

Bedrudin Brlyavac  | 21.02.2019 - Обновена : 21.02.2019
„Земјите од Западен Балкан треба да имаат реална перспектива за членство во ЕУ" (Foto/ Dursun Aydemir/ AA)

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (AA) - Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер изјави дека земјите од Западен Балкан треба да имаат реална перспектива за членство во Европската унија, бидејќи во спротивен случај, постои ризик од враќање во деведесетите години од минатиот век, јавува Anadolu Agency (AA).

„Доколку земјите не станат членки на ЕУ, ризикуваме враќање во деведесетите години. Мислам дека тоа е прашање на војна или мир", рече Јункер на конференцијата за новинари во Брисел по состанокот со претседателот на Словенија Борут Пахор.

Нагласи дека ќе направи се да дојде на состанок на Иницијативата на трите мориња, кој го организира словенскиот претседател на почетокот на јуни во Љубљана.

„Во потполност ја поддржувам таа иницијатива", рече Јункер.

Се осврна и на неодамнешната изјава на претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани за „италијанската Истра и Далмација" наведувајќи дека е важно дека Тајани упатил извинување.

Пахор му се заблагодари на Јункер на поддршката за Иницијативата на трите мориња и додаде дека ќе го повика и германскиот претседател на претстојниот состанок во Љубљана.

Се осврна и на европската перспектива на регионот на Западен Балкан, посебно осврнувајќи се на Босна и Херцеговина.

Истакна дека БиХ е случај „sui generis" (уникатна по своите карактеристики) и дека кон неа треба да се биде „суптилен", што сепак, како што рече, не значи дека треба да и се попушта во однос на прашањето на исполнување на критериумите за европските интеграции.

Иницијативата на трите мориња е неформална политичка платформа на иницијатива на земјите од источна и средна Европа (држави членка на ЕУ) , Балтик-Јадран-Црно море.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.