03 Март 2023•Ажурирај: 04 Март 2023
ПОДГОРИЦА (АА) - Во експлозијата што денес се случи околу 11 часот и 35 минути во зградата на подгоричкиот Основен суд, загина едно лице, а најмалку петмина се повредени, јавува Анадолу.
Од полицијата е соопштено дека загинатиот е М.Б. (39), кој ја активирал експлозивната направа.
„Околу 11 часот и 35 минути на влезот во зградата на Основниот суд во Подгорица, М.Б. активирал најверојатно рачна бомба, при што загинал, додека пет лица, според досега расположливи информации, се повредени“, изјавија од полицијата.
Како што наведоа, екипите на полицијата и надлежните служби се на терен за увид и обезбедување на самото место.