Admir Fazlagic
20 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
СКОПЈЕ (АА) - Поглаварот на Исламската верска заедница на Република Македонија, реис-ул-улема Сулејман Реџепи, упати порака до сите припадници на исламската вероисповед по повод утрешниот празник Курбан бајрам, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Задоволство ми е да соопштам јавно дека утре го славиме празникот Курбан бајрам. Овој празник, без сомнение е свет празник, бидејќи ја одбележува нашата верност и искреност кон семилосниот Алах, којшто токму во очи на овој празник ја усоврши нашата вера, комплетирајќи го величествениот Куран. Курбан бајрам, драги верници, е празник на којшто силно се пренесува пораката за племенитоста и милоста на нашиот Творец, коишто тој ги чувствува кон сите свои створенија“, се вели во пораката на Реџепи.
Меѓу другото, во пораката се наведува дека честитките во текот на овој празник секако треба да ги одликува подадената рака, прегратката, меѓусебните посети и помирувањето.
„Канејќи ве да се молиме за здравјето на нашите браќа и сестри што се наоѓаат во Светата Земја извршувајќи го аџилакот, дозволете да ви ги изразам најискрените честитки по повод Курбан бајрам“, порача поглаварот на ИВЗ, Реџепи, во пораката по повод празникот Курбан бајрам.