Agim Sulaj
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа 4 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 600, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 55 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 14.692.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 574 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 58.425 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 11.585 лица. Моментално има 2.507 активни случаи.